(Видео) Над 20 лица се повредени од превртениот автобус кај Велес

Автобус со македонски регистарски таблички кој превезувал македонски туристи кои се враќале од Грција вечерва излета од патот на автопатот Скопје – Велес. Во тек е излекување на повредените патници. Според првичните информации повредени се над  20 лица.

Неофицијално на скопските клиники се примени 18 лица, а во болницата во Велес се примени осум лица од кои едно дете. Засега нема детали околу сериозноста на повредите.

Поради сообраќајната незгода сообраќајот на автопатот се одвива отежнато по една коловозна лента.

Информацијата ја потврдија и од МВР и информираат дека екипа од СВР Велес со јавен обвинител се на терен и вршат увид.

Авто мото сојузот информира дека од 19:30 часот сообраќајот на автопатот Велес – Скопје од Штипската клучка е затворен за сите патнички и товарни возила поради сообраќајна незгода – превртен автобус.

Се очекува патниот правец да биде затворен во наредните неколку часа.