Почина славниот хуморист Џери Луис

Американскиот глумец и хуморист Џери Луис почина денес во својата 91 година во својот дом во Лас Вегас, информираше неговиот агент.

Вистинското име му беше Џозеф Левич, беше роден во Њу Џерси во еврејска фамилија со руско потекло.Тој беше актер но и продуцент и режисер.

Неговото лице беше познато во целиот свет преку неговите комични гримаси и имитации. Зад него остави над 60 филмови. Славата дојде по неговата средба со Дин Мартин во 1946 година и нивното заедничко учество во шоуто на Ед Саливан во 1948 година. Нивниот прв филм “Мојата пријателка Ирма” постигна неверојатен успех кај публиката. Десет години подоцна секој од нив почна соло кариера.

Луис ги играше главните улоги во филмовите на Френк Ташлин како “Геиша бој” или “Пепелашка со големи нозе”. Подоцна стана и професор на универзитетот во Калифорнија.

По десет години отсуство од филмот, тој и се врати на публиката во филмот “Тешко работење”. Во 1983 година Мартин Скорсезе му понуди улога во филмот “Кралот на комедијата” а во 1991 година Емир Кустурица го покани да игра во “Аризона дрим”.

Луис беше татко на седум деца. Тој активно работеше на интеграција на лица со физички и ментален хендикеп и помагаше во борбата против мускуларната дистрофија. Едно хуманитарно шоу посветено миопатијата (неуро-мускуларна болест) му донесе номинација на Нобелова награда за мир.