Сиот персонал на српската амбасада на итни консултации во Белград

Целиот персонал на абасадата на Србија во Скопје е повикан на итни консултации во Белград, јави АлсатМ.

Ова пишува во нотата која српското Министерство за надворешни работи ја пратило до македонските колеги, но во нотата не биле наведени причините за овој чин.

Од Министерството за надворешни на Македонија велат дека се обидуваат во комуникација со српските власти да ги дознаат причините за ваквиот чекор.

Според Виенската конвенција, Македонија презема мерки за заштита на безбедноста и интегритетот на Амбасадата на Србија во Скопје.

Од МНР велат дека во Амбасадата нема никаво движење и е мирно.

МНР најави соопштение.

Околу српската амбасада во Скопје е забележано зголемено присуство на полицијата, а од МНР за ТВ 24 велат дека се работи за почитување на Женевската конвенција при обезбедување на дипломатско преставништво.