Автомобилот од нападот во Камбрилс бил снимен и во Париз

Францускиот весник „Паризиен“ објави дека автомобилот со кој беа прегазени пешаци во шпанското туристичко место Камбрилс, во вториот терористичии напад по Барселона, бил снимен од камерите минатата недела додека со голема брзина поминувал низ Париз.

Нападот во Камбрилс беше извршен само 8 часа откако комбе во четвртокот попладне со голема брзина прегази туристи и локални жители додека шетаа на популарната улица Ла Рамбла во Барселона, што што 13 починаа, а над 100 се повредени.

Полицијата застрела петмина мажи кои носеле лажни појаси со експлозив откако со „ауди“ влетаа меѓу луѓе, а потоа откако автомобилот се превртел, излегле од него и почнале да ги бодат со ножеви при што една Шпанка е убиена.

„Паризиен“ без да ги наведе изворите, тврди дека истиот „ауди“ е снимен со камера пред околу една недела додека возел со огромна брзина низ парискиот регион, пренесе Ројтерс.

Весникот истакнува дека во оваа фаза француските истражители не пронашле директна оперативна врска меѓу шпанската келија и Франција и дека автомобилот можеби само минувал низ Франција.

Француското обвинителство не сака да ги коменира пишувањата.

Шпанските медиуми објавуваат дека возачот Мухамес Ала е уапсен. Еден од неговите браќа е уапсен во Камбрисл додека другиот брат, кој исто така е осомничен дека е дел од групата е во бегство.

Шпанската полиција е во потрага за осомничениот возач на комбето кој го изведе нападот во Барселона, но денеска не ја исклучи можноста тој да избегал во Франција.