Автомобил влета на автобуска станица во Марсеј, едно лице загина

Едно лице загина во францускиот град Марсеј кога автомобил влета во маса луѓе на автобуска станица, јави агенцијата АФП.

Засега не се јасно дали станува збор за нов терористички напад или за сообраќајна несреќа.

Но има извештаи дека ист ваков инцидент се случил на друга автобуска станица во друг дел од градот.

Полицијата уапсила едно лице и апелираше граѓаните да го избегнуваат овој дел од градот.