АТП ранг листа: Надал на врвот по пауза од три години

Рафаел Надал се врати на врвот на АТП ранг листата по пауза од три години. Со 7,645 бода, Шпанецот ја презеде лидерската позиција од Енди Мареј, кој ги пропушти турнирите во Монтреал и во Синсинати, и ја започна 141 недела во кариерата како најдобар светски тенисер.

Британецот сега е втор со 7,150 бода додека Федерер, Вавринка и Ѓоковиќ останаа од третото до петтото место. Александар Зверев и Марин Чилиќ ги заменија позициите, па Германецот е шести, а Хрватот седми. Австриецот Доминик Тим е осми, Димитров, по триумфот во Синсинати, се искачи на деветтата позиција, топ 10 завршува со Кеи Нишикори.

Каролина Плишкова го „преживеа“ Синсинати и ја започна шестата недела како водечка на ВТА листата. Чешката тенисерка опстана на првото место благодарение на триумфот на Гарбине Мугуруза над Симона Халеп на Мастерсот во Синсинати. Шпанката напредуваше до третото место, меѓу првите 10 кај дамите се Елина Свитолина, Каролина Возњацки, Анџелик Кербер, Џоана Конта, Светлана Кузнецова, Венус Вилијамс и Агнешка Радванска.

АТП листа

Рафаел Надал (Шпанија) 7,645 бода

Енди Мареј (В. Британија) 7,150

Роџер Федерер (Швајцарија) 7,145

Стен Вавринка (Швајцарија) 5,690

Новак Ѓоковиќ (Србија) 5,325

Александар Зверев (Германија) 4,470

Марин Чилиќ (Хрватска) 4,155

Доминик Тим (Австрија) 4,030

Григор Димитров (Бугарија) 3,710

Кеи Нишикори (Јапонија) 3,195, итн.

ВТА листа

Каролина Плишкова (Чешка) 6,390 бода

Симона Халеп (Романија) 6,385

Гарбине Мугуруза (Шпанија) 5,860

Елина Свитолина (Украина) 5,650

Каролина Возњацки (Данска) 5,350

Анџелик Кербер (Германија) 5,146

Џоана Конта (В. Британија) 4,750

Светлана Кузнецова (Русија) 4,410

Венус Вилијамс (САД) 4,216

Агнешка Радванска (Полска) 3,855, итн.