(ВИДЕО) Во тепачка убиен светскиот првак во дигање тегови Драхјов

Светскиот првак во дигање тегови Русинот Андреј Драхјов почина како последица на здобиените повреди во улична тепачка во рускиот град Хабаровск.

Драхјов вчера наутро во центарот на градот пред едно кафуле бил претепан од шампионот во ММА Анар Алакверанов.

Како што пренесуваат руските медиуми до тепачката дошло откако двајцата „борци“ во алкохолизирана состојба се расправале кој спорт е посилен, дали дигање тегови и ММА, па одлучиле со тепачка да ги решат несогласувањата.

Драхјов од ударите на Алакверанов паднал на земја, а потоа се здобил со смртоносни удари додека лежел. Алакверанов подоцна е уапсен.