Почина Бајрам Реџепи, еден од најзначајните косовски политичари

Поранешниот премиер на Косово и градоначалник на Јужна Митровица Бајрам Реџепи почина утрово на 64 годишна возраст во болница во Турција по мозочен удар, јавија електронските медиуми во Приштина.

Реџепи претходно се лекуваше од карцином, а пред лекувањето во Турција беше опериран во Приштина. Во Турција падна во кома.

Реџепи беше една од најзначајните политички фигури на Косово. Беше првиот градоначалник на Јужна Митровица по војната кога со посредство на меѓународните претставници често се среќаваше со лидерите на Србите на северот.

Реџепи по професија беше лекар и пред војната работеше во Здравствениот центар во Косовска Митровица. Беше член на Демократската лига на Косово и на Демократската партија на Косово.