Убиецот од Барселона се бара низ цела Европа

Потрагата на полицијата по возачот на комбето кој уби 13, а повреди над 100 лица во Барселона во четвртокот проширена е низ цела Европа.

Шпанската полиција соопшти дека е идентификуван возачот на белото комбе кој минатата недела влета во маса луѓе на познатата туристичка улица Ла Рамбла во центарот на Барселона.

-Се укажува дека возачот бил Јунес Абујакуб, објави денеска полицијата додавајќи дека се трага по Мароканец на 22 годишна возраст, во целата земја и во странство.

Засега малку се знае за судбината на АБујакуб. Неколку часа по нападот во Барселона едно лице е убиено, а шестмина се ранети во нападот со автомобил на шеталиштето во градот Камбрилс, на 120 километри од Барселона.

Полицијата ги уби сите петмина напаѓачи.

Одговорноста за обата напади ги презеде Исламската држава, а полицијата подоцна откри мрежа на џихадисти од 12 лица, кои подготвувале и други напади во Барселона.

Вчера полицијата во Барселона соопшти дека загинал и организаторот на нападот во тој град.

Идентификувани се две тела пронајдени во куќа во Аликанте уништена во експлозија, во која е планиран нападот во Барселона, а еден од загинатите е имамот Алделбаки ес Сатија кој бил духовен водач на терористичката група. Групата претходно планирала напади со плински боци.