Vredi da se razlista i knigata na Soeren Jessen-Petersen vo koja moze da se procita ispovedot na Alija Izetbegovic pred negovoto zaminuvanje od ovoj svet vo vrska so masakrot na sarajevskiot pazar i Srebrenica.
Сомнежи за официјалната верзија за случувањата во Сребреница
Бројот на жртвите се преувеличува, а досегашните верзии на владите, невладините организации и медиумите се неверодостојни, стои во објавениот извештај за случувањата во Сребреница, на поранешни функционери на ОН, експерти и новинари од повеќе земји, здружени во Истражувачка група за Сребреница.
Во извештајот на околу 200 страници под наслов „Сребреница и политика на воени злосторства“, се наведува дека САД ги поткопувале мировните договори во БиХ, постигнати со посредство на ОН и европските земји, со кои Војната би можела да заврши уште во 1992 или 1993 година.
„Овозможувајќи илегална испорака на оружје за муслиманските сили, САД помогнаа безбедносните зони да се претворат во места за судири и повод за интервенција на НАТО“, нагласува меѓу другото групата, која целосниот извештај за воените случувања во Сребреница ќе го објави за неколку дена.
Џонатан Рупер, поранешен новинар во Би-Би-Си и член на истражувачкиот тим, кој бил во Сребреница кога градот бил завземен од српските сили, тврди дека претпоставката дека Србите таму убиле 7.000 до 8.000 луѓе „никогаш не била возможна“.
Тој таквото тврдење го заснова на податоци кои за бројот на раселени од Сребреница во август 1995 година го дале Светската здравствена организација и босанската Влада, а подоцна и Амнести интернешенел, Владата на Холандија и одделни медиуми и муслимански генерали.
Во соопштението на групата истражувачи се наведува дека од 40.000 жители на Сребреница, падот на енклавата го преживеале најмалку 38.000.
„Убиени се околу 2.000 муслимани, кои побегнаа со 28 дивизија, главно во борбите. Но, стотина исто така се убиени од паравоените формации и групи платеници“, се тврди во објавеното соопштение на интернет страница.
Во извештајот, САД директно се обвинети дека со илегална испорака на оружје за муслиманите, ги минирале напорите на ОН за демилитаризација на заштитените енклави. Прецизирано е оти Американците тоа го правеле со авиони С-130 Херкулес, кои ноќно време пристигнувале на аеродромот во Тузла.
Операцијата, наводно, ја водела одбранбената разузнавачка агенција на САД (ДИА).
Групата истражувачи тврди и дека муслиманските сили во Сребреница и покрај спогодбата за демилитаризација, биле добро вооружени и имале наредба да ги провоцираат српските сили.
„Муслиманскиот генерал Сефер Халиловиќ во сведочењето пред Хашкиот трибунал потврди дека во Сребреница имало најмалку 5.500 припадници на муслиманската 28 дивизија, како и оти организирал испорака на најмалку осум хеликоптерски товари софистицирано оружје“, стои во извештајот на групата со кој се оспорува „приказната“ за Сребреница.
За прифатената во јавноста верзија за геноцидот извршен од Србите во Сребреница, според оваа меѓународна група, заслужна е и поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт, за која се наведува дека ги поставила најголемиот дел службеници во Хашкиот трибунал.
Во извештајот е и изјавата на поранешниот координатор за цивилни прашања на ОН Филип Корвин, која тврди дека тоа што се случило во Сребреница не било издвоен голем масакр врз муслиманите од страна на Србите, туку низа крвави напади и противнапади за време на тригодишниот период, кои го достигнале врвот во јули 1995 година. „Уште повеќе што најверојатно бројот на загинатите муслимани не е поголем од бројот на Србите, кои во Сребреница и околината, во текот на претходните три години, ги убија Насер Ориќ и неговата банда криминалци“, вели Корвин.
На чело на меѓународната истражувачка група за настаните во Сребреница е Ед Херман од Универзитетот во Пенсилванија.