...бидејќи ја искористиле својата интелигенција. И наместо мажите да научат од жените како се користи интелигенцијата, се соочиле со толкави комплекси, па ја измислиле војната за да останеме секогаш примитивци, наместо цивилизирана и високо развиена интелигенција... Мајмунска работа!
Постои можност женките примати да го измислиле првото оружје на човекот, според најновите студии направени во САД.
Според научниците на ова истражување, оние женки кои немале доволно сила, ниту време да се натпреваруваат со мажјаците во ловот морале да го користат мозокот и направиле оружје со кое го ловеле пленот.
Антрополозите на американскиот универзитет во Лов и од британскиот универзитет во Кембриџ го истражувале однесувањето на заедници на шимпанза на југоисток во Сенегал и заклучиле дека женките и младите во заедницата прават оружје слично на копје, за да ловат.
Првите луѓе може се однесувале исто како шимпанзата бидејќи жевееле во слични околности и поседувале исти карактеристики како и нивните роднини примати.
Шимпанзата и другите примати се познати по користење на помагала при фаќање на инсекти и собирање на плодови, но ова е прв пат научниците да забележат дека животните користат оружје за лов на други животни.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=74973