Vashata kukia si e vasha -ne vi ia sakam-iaze si imam vo Pirinsko-kukia,niva i sichko-ne saka da zemam nistu od Makedonia-sakam samo da mi leko na srce.
A eto ushte neshto-
zemeno od
http://www.forum.com.mk/Arhiva/Forum129/feljton/feljton.htm ПОСЛЕДИЦИ ОД СОЛУНСКИТЕ АТЕНТАТИ
(Христо Сиљанов "Ослободителните борби на Македонија")
Апсењата и претресите во Солун продолжија повеќе од еден месец. Во допис од главниот македонски град, виенскиот Die information пишува:
Апсењето христијани - главно од бугарска народност - продолжува. Затворот во Канли-куле и одаите на тврдината Еди-куле се прополни со затвореници, чувани под строга стража. На затворениците им се врзани рацете и нозете. Оковани се по двајца еден за друг. Бугарската влада реагираше пред Високата Порта за ова варварско однесување.
Се форомира воен суд со многу истражни комисии пред кои брзо поминаа притворените. Од уапсените околу 2.000 души, повеќето беа ослободени, а за 353-ца беа отворени судски процеси. Беа фатени и донесени пред воениот суд и четворица од атентаторите: Павел Шатев, Марко Бошнаков, Георги Богданов и Милан Арсов. Богданов покажа знаци на збрканост уште на почетокот. Поради таквата состојба констатирана со медицински документ, тој не беше суден. И во текот на истрагата и потоа на судењето некои атентатори се покажаа претерано зборливи. Се разтокри целиот заговор со сите детаљи. Жртви на нивната дрдорливост станаа и Иван Гарванов, Димитар Мирчев, Јосиф Кондов и други солунски граѓани. Признанието дека од Ив. Гарванов добивале пари беше доволно за да бидат членовите на ЦК судени и осудени. Арсов ги предаде и раководителите во Велес и редица други членови на Организацијата.
На 14. мај, во присуство на избрана публика - офицери, виши чиновници, европски дописници и видни месни граѓани - судот ја соопшти пресудата. Од 353 обвинети, 33-ца беа осудени (4 на смрт, а другите на затвор од 5 до 101 година), а 25 ослободени. Делата на 29 души (меѓу нив и на Гарванов) беа препратени до обичните судови, а за 266 дела судот се произнесе за некомпетентен. Смртната казна за четворицата атентатори беше заменета со доживотен затвор. Осудените на 10 и повеќе години кон крајот на јули беа испратени во заточение на разни места во Азија и Африка: Бодрум, Пајас-куле, Родос и Фезан. Гарванов, Мирчев, Јосиф Кондов и други Бугари беа затворени на Родос. Четворицата атентатори беа испратени во гр. Мурзук 950 км. во африканската провинција Фезан. (Од нив Бошнаков и Милан Арсов умреа во заточение. Другите двајца, Шатев и Г. Богданов беа амнестирани и ослободени по Хуриетот во 1908 г. Тие ги донесоа главите на својте двајца другари и им ги дадоа на родителите да ги погребаат во родната земја.)
Солунските атентати имаа длабок одглас и во провинцијата. Турската власт сметаше дека тие се почеток на редица слични акции по другите градови и вовед во општо востание. Таа широко го искористи солунскиот повод и негодувањето на Европа од динамитските методи за да ги обезглави комитетите и да ја парализира нивната дејност. Обичните луѓе во Турција се наежија до паркосизам. "Турците, собрани во две џамии, одлучиле да го почнат колежот врз Бугарите ако пукне само една бомба" - пишува Т. Недков од Скопје во извештајот од 22. април. Истата наеженост помешана со страв владее и во Цариград. Првите ден-два цензурата им забрани на цариградските весници да пишуваат што и да е за солунските атентати. Почна поупорно да се зборува за колеж на Бугарите сличен на ерменскиот. Страв ги зафати станарите на Илдиз. "Поголем дел од цариградската полиција е сконцентрирана во Илдиз - пишува во извештајот од 18. мај дипломатскиот агент Ив. Ст. Гешов - тоа се заштитни мерки за султанот, по упорните гласини за повторување на солунските настани и овде." Никаде меѓутоа турската одмазда немаше таква жестина како во Битола. Турците беа решени да го сосечат центарот на револуционерните збиднувања во Западна Македонија. За таа цел власта сама, без каков и да е повод од страна на Организацијата, ги создаде крвавите настани од 23. април - една седмица по атентатите.
Тој ден организирани банди од турски злосторници помагани од чиновници и жандарми, се покажаа во чаршијата и почнаа без причина да ги напаѓаат луѓето. Чаршијата моментално се затвори. Христијаните во паничен страв се скрија во своите домови. Повеќе од 3 часа бандитите господареа со Битола, истурајќи го гневот на секој случаен минувач. Далечниот екот од битката која во тоа време се водеше меѓу селаните и војската во Цапари ги засилуваше гневот на бандите и страдањето на граѓаните. Енергичната интервенција на конзулите, сведоци на безпричинската хајка против христијанското население, го натера валијата да ја употреби војската и да ги разбрка бандите. По с# - 14 беа убиени и неколку десетици ранети. Веднаш по смирувањето на градот, полицијата упаси 20-тина Бугари, обвинувајќи ги за немирите, осомничени како комитаџии.
...Неколку илјади Бугари се затворени без причина во повеќе градови. Во Скопје, каде претресите ги раководеше Хилми-паша лично, беа уапсени неколку стотини, а до 110 "силно осомничени". "За таквите - пишува Т. Недков во извештајот од 10. мај, Хилми-паша стереотипно известува: Ah! Celul-la? C'est plus dagereux! (А овој? Тој е најопасниот!). Така воскликнува Хилми-паша на името на секој учител или трговец, зашто според него учителите, воопшто поинтелигентните, и трговците го поддржуваат постоењето на револуционерни движења - првите како инспиратори и организатори, вторите како финансиери. И следствено треба да им се одземат средствата за постоење - морални и материјални." Не се поштедени големите трговци како А. Весов, Насте Стојанов, Хр. Наумчев, Ачков, Д. Хлебаров, П. Матов, Петруш Сарафов, Саздо Весов, К. Бакалов - сите од Солун, чорбаџии како Хаџи Нако и Бајалцалијата од Гевгелија, солидни граѓани како адвокатот Хр. Далчев, бившиот гимназиски директор Ат. Ченгелев и др. На едни од "осомничените" Хилми-паша им ја спрема Мала Азија, други враќа во родните места. Работници, еснафи, трговци од Цариград, Солун у другите големи градови се испраќаат во провинција. На тој начин, осиромашувањето на бугарскиот елемент е дополнителна ефикасна мерка на државниот терор кој се рашири во дотогаш невидени размери.
Солунските атентати сериозно ги засегнаа и бугарските училишта. Речиси никаде во Македонија таа година не беше празнуван традиционалниот народен празник на солунските рамноапостоли Св. Кирил и Методиј. Во некои училишта - семинаријата во Цариград и др. - учениците беа распуштени без испити. Стопанскиот живот во целата земја сосема замре. најмногу страдаа Бугарите, но не само тие.
И покрај с#, Абдул Хамид не ја доби саканата carte blanche на која се надеваше, за да може неказнето и непречено преку Хилми-паша, да ги уништи немирните Бугари во Македонија. Европскиот печат почна да се созема. Големите европски весници повторно почнаа да го бараат "коренот на злото" во турскиот режим... Само една нација без секакви резерви застана на страна на султанот и се покри со срам: Грците. На сиот глас Грците ги оплакуваа невините кои загинаа од бомбите на солунските димитаџии, но тие не најдоа во себе чувство на човечност и за невините кои гинеа во македонските градови под ударите на ѕверскиот башибозук. Напротив, тие помислија дека дошол страшниот суд за македонските Бугари и, зафатени од против-бугарскиот бес, им ја понудија на Турците нивната помош против "општиот враг". На именденот на кралот Георги (23.4) Атинскиот универзитет организираше банкет при што беше свирен маршот Хамидие. Сите присутни станати го слушаа и го поздравија со бурни акламации: "Зито о султанос!" (Да живее султанот!"). Неколку дена по таа манифестација, група грчки офицери дојдоа кај турскиот амасадор во Атина и од името на 1.000 доброволци, меѓу кои 150 офицери, го замолија да му ја предаде на султанот нивната желба да влезат во турска служба за да се борат против бугарските чети. Оваа постапка, само 6 години по турските ѕверства во Тесалија, и се згади на европската јавност.
(продолжува)
http://www.forum.com.mk/Arhiva/Forum129/feljton/feljton.htm