Задвиножитото

Романот “Зад виножитото” е втор роман на Мендо Велјановски, интересен, возбудлив, несекојдневен роман за Мекадонци кои успеваат да отскокнат од едноличното секојдневие и да ги допрат границите на одвај можното, најмногу со таканаречените екстремни спортови и барем за момент да погледнат зад виножитото.

Романот изобилува со описи на глечерите на Мон Блан каде што се одвива главното дејствие на терени каде што беше неможно да стапне човечка нога ако не беше измислен најновиот зимски спорт спид рајдинг, во чие “смислување” учествуваше и самоит Мечо. Овој спорт му овозможува несекојдневно доживување на главниот јунак, а кое поминува во илузија или фројдовски: “спомен што покрива или прикрива друг непријатен спомен”, како последица од падот од глечерот. Сепак, на крајот, илузијата се материјализира, оставајќи оптимистичка порака до читателот.


Следејќигосонот

Секој колку-толку нормален човек има во животот барем еден сон...

Нема да го навредувам Мендо прогласувајќи го за “колку-толку” нормален. Впрочем, “нормалноста” е епитет на просечните. Борејќи се сиот живот со квазитепачи, негувани медиокритети, надмени корумписти и корумпирани судови кои на правото на индивидуата го претпоставуваат правото на една повластена каста, човек заборава да биде нормален...

Резултатот од сето тоа е мајсторски раскажана приказна за една личност со многу таленти. Префинета смеса на биографски, верски и митски елементи во која еден од важните “заднински” ликови е Архангел Михаил. Во Булгаковски-Куелјовски манир на пишување, Архангелот го води и го варди Меча (главниот лик) од скоковите во стогот од сено, преку кратките летови со делтаплан, до безумните иновации на “вратоломии” со параглајдер. Патем, авторот е поранешен вицешампион на светот во овој спорт.

Вистински бисер на сладокусците на пишаниот збор.